Како на лизгалиште: Најопасната улица во Мексико сити е пекол за возачите! / ВИДЕО
Овде има се, такси, мотоцикли, камиони… кои не можат да закочат пред да удрат во столбовите
Човекот населува неверојатни места, а доста често, поради недостаток на простор, се упатува и високо во ридовите. Главниот град на Мексико, Мексико Сити е дом на повеќе од 20 милиони жители, а некои населби се шират токму во ридовите. Паса Флорентино се вели дека е најстрмната улица во градот со агол од 45 степени. Дали е ова најопасната улица и во светот воопшто не знаеме. Како и да е, сигурно е дека кога врне дожд, поради големиот нагиб, патот се претвора во вистинско лизгалиште, а една куќа е особено загрозена. Среќа во несреќа е што е обезбедена со столбови и што несреќите не се со сериозни последици.
Овде има сè, такси, мотоцикли, камиони… кои не можат да закочат пред да удрат во столбовите.