Како електричното BMW i3 се снаоѓа на планина?
Клучен фактор за електричните автомобили е автономијата со едно полнење, а додека производителите „се тепаат“ кој ќе понуди во теорија повеќе, вистинските резултати честопати се нешто друго
Особено се доведуваат во прашање фабричките резултати и можности при дискутабилни услови за возење, а еден од тие е искачувањето по планинските патишта.
Токму поради оваа причина, тимот на Fast Lane Car го тестирала новото BMW i3s на Лавленд преминот во Колорадо, на надморска висина од 1.584 m до 3.657 m.
Автомобилот е користен како нормално возило, без употреба на системи кои ја зголемуваат заштедата на енергија и ја зголемуваат автономијата.
Тестирано било и колку возилото ќе може да ја надомести енергијата при спуштање од планината, односно дали ќе може да се врати на почетната точка.
Тестот на возилото започнал со 212 километри од пеостанатиот домет, а патот бил долг 124 километри.