Како да избегнете оштетување на алуминиумските фелни и гуми со низок профил? / ВИДЕО
Налетавте на „ударна“ дупка на патот, нормално застанувате на страна и излегувате од возилото за да ја процените штетата. До пред само неколку моменти убавата алуминиумска фелна и гумата се оштетени од ударот. Прашањето е што сега?
Францускиот производител на гуми Michelin и еден од водечките светски производители на фелни, американскиот Maxion Wheels, пред неколку години, развиле технологија на флексибилни фелни наречена Acorus, специјално дизајнирана за овој вид на проблеми на патиштата. Иновацијата е именувана по Acorus calamus, еден вид мочуришна билка одфранцуската басна „Даб и трска“, во која се фали мудроста на трската која се превиткува, но не се крши.
Како оваа иновативна технологија функционира во реалноcт може да се види од приложеното видео.
Резултатот е дека возилото останува технички исправно, а тркалата и гумите имаат подобра отпорност на удар на тврда физичка пречка, без оглед на брзината на возилото. Ова дополнително значи дека и гумите и тркалата ќе траат подолго.
Дизајнот на флексибилниот систем на фелната е компатибилен со сите патнички гуми на пазарот и не е поврзан само со гумите на Michelin.