Како би изгледал идниот електричен SUV на Alfa Romeo? Дизајнерската студија Vassago е една од идеите …
Alfa веќе најавува по еден нов модел секоја година до 2026 година и логично би било да претстави ривал на BMW iX како Vassago
Станува збор за независна илустрација на студент на колеџот за дизајн ArtCentre, кој не е ниту одобрен ниту поврзан со Alfa Romeo.
Понудата на теренци на Alfa наскоро ќе расте, почнувајќи од Tonale, кој во гамата на Alfa Romeo ќе се позиционира под Stelviо како базен теренец на италијанскиот производител. Меѓутоа, доколку Alfa претстави луксузен, SUV предводник, прашањето е како би изгледал тој?
Студентот на калифорнискиот ArtCenter College of Design, Хао Ху, си го поставил истото прашање и дошол до решение што го нарекол Vassago. Станува збор за проект кој би се позционирал над Stelviо во понудата на теренци на Alfa, а е замислен како целосно електричен автомобил.
Студијата Vassago се протега на 4.860 mm, што е приближно исто како и BMW X6, иако има малку пократко меѓуоскино растојание од 2.840 mm.
На предната страна, доминантни елементи се малите фарови со LED светлосен потпис, а тука е и модернизирана верзија на култната предна решетка во облик на штит на Alfa. Долниот дел од каросеријата на теренецот добил црни плочи, а проектот е поставен на големи тркала.
Страничниот профил е особено впечатлив поради скриените рачки на вратите и недостатокот на B-столбови, а што се однесува до задниот дел, гледаме големо задно крило кое се протега од покривот, LED задни светла и светлосна лента, како и поделено задно стакло. Покрај ова, на покривот е поставен и панорамски стаклен покрив.
Сепак, ни Stelvio не се продава во голем број, и покрај фактот што е многу компетитивен SUV. Затоа, италијанскиот производител смета дека помалиот Tonale ќе привлече многу повеќе клиенти. Alfa веќе најавува по еден нов модел секоја година до 2026 година, и би било логично да претстави ривал на BMW iX како Vassagе, иако за такво нешто ќе треба да почекаме.