Каде во Европа се крадат најмногу автомобили по глава на жител
Многумина ќе се изненадат кога ќе видат која земја е на врвот на листата
Спротивно на очекувањата, Шведска е на врвот на листата на земји од ЕУ по бројот на кражби на автомобили (207 на 100.000 жители) според податоците од 2020 година.
Следуваат Италија (169), Холандија (155) и Грција (144), додека на дното на листата се Романија, каде се забележани 9 кражби на автомобили на 100.000 жители, Естонија со 8 и Данска, каде се само 5 украдени автомобили пријавени на 100.000 жители.
Недостасуваат податоци за Франција, Унгарија и Кипар.