Бројот на нови регистрации во Европа во јануари се намалил за 2,4 отсто, што е најлош месечен резултат од 1991 година, според JATO Dynamics

 

На пазарот составен од 26 европски земји, бројот на регистрации паднал за 2,4 отсто или вкупно 811.332, и покрај рестриктивните мерки во јануари 2021 година, кои се одразија на послабата продажба. Оваа бројка е за 28 отсто пониска од рекордниот предпандемски резултат од јануари 2020 година.

Од JATO велат дека падот на продажбата е последица на неизвесноста кај клиентите, која е предизвикана од економските услови и глобалниот недостиг на полупроводници.

„Минатиот месец довербата на клиентите останала ниска, пред се поради последиците од пандемијата, како и фактот дека производството беше погодено од тековниот недостиг на полупроводници“, вели глобалниот аналитичар во JATO, Фелипе Муњоз.

Од друга страна, теренците/кросовери постигнале рекорден удел на пазарот: 402.900 регистрации или 49,7 отсто од вкупниот пазар. Продажбата на теренци / кросовери се зголемила за 11 проценти во споредба со јануари 2021 година, иако сè уште е 10 проценти под онаа од јануари 2020 година.

На популарност добиле и електрифицираните автомобили, со вкупно 149.000 единици во јануари, што е скок од 36 отсто во однос на јануари 2021 година, или 105 отсто во споредба со истиот месец во 2020 година.

Возилата на батерии забележале раст на продажбата од 73 проценти, додека plug-in хибридите напредувале за 9 проценти.

Dacia Sandero го завршила месецот како најпродаван нов модел, продаден во вкупно 17.558 примероци, што е зголемување од 10 отсто во однос на јануари минатата година. По Sandero следат Peugeot 208 (16.190) и поголемиот Peugeot 2008 (16.190).