Јапонските кросовери без конкуренција во САД
Четири од Топ 5 најпродавани модели се на Toyota, Honda и Nissan
Автомобилските пазари ширум светот се опоравуваат од ударот што го претрпеа минатата година, а не е исклучок ниту оној во САД. Продажбата во сегментот на лесни кросовери е зголемена за 11,8%, а повторно најбарани модели се оние од јапонските производители.
Лидер по првиот квартал од 2021 година е Toyota RAV4 со резултат на 114.000 продадени автомобили. Ова е за 17% повеќе од истиот период минатата година.
На второ место е уште еден претставник на Земјата на изгрејсонцето – Honda CR-V, модел кој го избрале 94.000 купувачи. Зголемувањето во овој случај е 23%. Следува Nissan Rogue (X-Trail) со 87.000 продажби и 43% раст.
Во топ 5 е уште еден јапонски модел – Toyota Highlander, чиј резултат е 64.000 единици (+ 14%). Дури потоа на петтото место е американскиот Chevrolet Equinox со 63.000 продажби, но со сериозен пад од минус 14%.
Ако се зборува за вкупниот број продажби на нови автомобили во САД, нема изненадување. Лидер по првиот квартал е повторно пикапот Ford F-Series со резултат од 203.700 единици.