Јапонските автомобилски производители со закана дека ќе заминат од британските фабрики
Челниците на јапонските компании кои имаат свои фабрики во Велика Британија јавно и се заканија на британската влада дека ќе го напуштат производството на островот, ако не биде постигнат соодветен договор со ЕУ по Brexit
„Работата е многу едноставна. Ако нема договор за слободна трговија со ЕУ, нема причина за понатамошна работа на нашите фабрики во Велика Британија“, вели Кози Куруока, амбасадор на Јапонија во Велика Британија.
Во февруари оваа година, шефовите на 19 големи јапонски компании со свои фабрики на островот се состанаа со британскиот премиер Тереза Мај. Тогаш Меј се обиде да ги убеди Јапонците дека трговијата со ЕУ ќе се одвива без никакви проблеми, за десет месеци подоцна, да не остане многу од тоа ветување.
Од друга страна, јапонските компании веќе почнале да го намалуваат обемот на производство и, во случај да не се постигне договор помеѓу Унијата и Велика Британија, тие се подготвени целосно да го преселат производството во некои од земјите во ЕУ.
Особено голема загриженост изразуваат претставниците на Toyota и Nissan. Toyota веќе го преполови сегашното производство на автомобили во фабриката во Бурнастон, Англија. Иако Nissan во 2016 година уверуваше дека бизнисот во Британија не е во опасност, денес таа одлука се преиспитува.
Другите јапонски компании, надвор од автомобилската индустрија, веќе преземаа драстични чекори. Panasonic, на пример, го премести своето европско седиште од Лондон во Амстердам, компанијата која се занимава со производство на роботи Yaskawa Electric исто така избира нови локации за производство во Европа …
„Повеќето од нашите компании отворија фабрики во Велика Британија, бидејќи ја гледаа како порта кон остатокот од Европа. Ако не дојде до договор до март следната година, тогаш ситуацијата може да се опише само стоење на раб од амбис“, вели еден од челниците на јапонската амбасада во Лондон.
Од Јапонија, само САД инвестира повеќе во Велика Британија. Вредноста на инвестициите во 2017 година изнесувала 153 милијарди долари. Во оваа земја има повеќе од 1.000 јапонски компании кои вработуваат повеќе од 160.000 луѓе.