Jaguar Land Rover и BASF отпадната пластика ја претвораат во премиум детали за ентериерот
Британскиот производител на автомобили Jaguar Land Rover и BASF заедно се обидуваат да го решат проблемот со отпадната пластика, се вели во соопштението до медиумите доставено од компанијата
Проектот е именуван на практично непреводлив начин: ChemCycling, што на некој начин би можело да значи Хемиска рециклажа. Процесот вклучува собирање на отпадна пластика и процес на нејзино рециклирање на таков начин што се претвора во скапоцен материјал кој е погоден за употреба при производство на автомобили. Пластичниот материјал добиен на овој начин за прв пат е тестиран на прототип компоненти за сериско производство на електричниот Jaguar I-Pace.
Од JLR тврдат дека работењето со BASF е чекор напред во однос на реализацијата на стратешките цели објавени со визијата Destination Zero.
Отпадната пластика се трансформира преку процес на термохемиска пиролиза во секундарна суровина која потоа се испраќа во редовниот производствен циклус во фабриките на BASF. Ресурсот добиен овде се користи наместо фосилни горива, а со негова употреба се добива производ со висок квалитет и перформанси.
Во соопштението за печатот се содржани и информации според кои е можно калење на рециклираната пластика, како и нејзино нијансирање, што ја прави идеален кандидат помеѓу материјалите кои се користат за изработка на централните конзоли на возилата од следната генерација. Исто така, пластиката ќе се користи за одделни компоненти на претстојните модели на Jaguar и Land Rover.