Jaguar ќе стане целосно електрична марка до 2025 година
Британскиот Jaguar ќе започне да произведува исклучиво електрични автомобили како дел од својата стратегија „Reimagine“
Британците планираат да станат целосно електрична марка до 2025 година, од кога во понуда нема да има модели со мотори со внатрешно согорување, а нема да има ниту хибриди.
Исто така, кон електрификација се свртува и Rover, а шест нови модели се очекуваат во период од пет години, почнувајќи од 2024 година. Land Rover планира да произведе околу 60 проценти од своите автомобили во целосно електрична форма до 2030 година.
Групата Jaguar Land Rover ќе користи три платформи компатибилни со погон на струја.
Jaguar планира да инвестира 3 милијарди долари во новата стратегија, а издвоени се 48,7 милиони долари за плаќање на казни за неисполнување на целите на емисиите во ЕУ за 2020 година.