Макс Верстапен

„Морам да бидам искрен и да кажам дека ова беше неверојатно. На секој комплет на гуми болидот го управув многу удобно. Прилично лудо! Малку сум изненаден од тоа каква работа сме завршиле. Не очекував дека ќе изгледа така. Неверојатна работа е за сите да се испорача вакво нешто“.

 

„На почетокот на викендот, сите ве гледаат како главен фаворит и не е секогаш најлесно тоа да го оправдате. Целиот тим работеше напорно, но морам да ја споменам и Honda. Целиот пакет на Хонда беше неверојатен, особено денешниот“.

Валтери Ботас

„За мене, ова е за една позиција подобар пласман од минатата недела и мислам дека собравме вредни бодови за тимот. Убаво е повторно да се биде на подиумот и мислам дека ова беше максимумот. Гумите добро се држеа на крајот, McLaren беше многу брз и пред нас е многу работа пред Силверстоун“.

Ландо Норис

„Се забавував. Беше возбудливо, но бев и разочаран затоа што можев да бидам втор“.

 

„Она во првиот круг е чисто тркање, тој доаѓаше од надворешна страна што беше глупаво и негова е вината е што излезе од патеката, јас не го турнав. Не знам. Фрустриран сум, но истовремено и среќен затоа што завршив трет“.

 

„Ние сме чекор пред минатиот викенд. Минатиот викенд бев четврти и два и пол десетинки зад пол-позицијата, а сега бев втор со половина десетинка заостанување. Направивме чекор напред и болидот беше подобар за возење и во квалификациите и во трката“.

Луси Хамилтон

„Дури и пред трката, навестив дека ќе биде тешко да се победи Макс … Секако, фрустрирачки е да се изгуби второто место и повеќе поени“.

 

„Немам претстава што се случи. Има многу штета. Бев на второ место кога се појави проблемот, потоа немав брзина да продолжам со останатите возачи“.

 

„Ние сме далеку со километри од Red Bull и имаме уште многу работа. Секој мора да се вклучи. Тие многу напредуваа во последните неколку недели, а ние не“.

Џорџ Расел

„Тимот заврши неверојатна работа, направивме голем напредок и јас веќе имам доволно доверба во болидот и тимот и тоа ви помага да дадете се од себе. Ова беше уште една трка каде бевме блиску до поени, а сега бев во позиција да имам возач зад мене кого никогаш не би го избрал, а тоа беше Фернандо. Ова беше неверојатно искуство за мене, но Алонсо вчера требаше да биде во првите пет, а не тука зад мене“.

2021 Austrian Grand Prix / Post-Race Show