Производството на автомобили е клучен дел од италијанскиот индустриски сектор…

Лидерот на Lega Nord, Матео Салвини, сака Италијанците да гласаат за клучната одлука на Европската унија за прекин на продажбата на бензински и дизел автомобили во 2035 година, односно продажба само на автомобили кои не испуштаат CO2. Салвини, помалиот партнер во десничарската коалиција предводена од Џорџо Мелони, најави потреба од голем референдум пред општите избори во Италија на 25 септември. Предизборен трик? Се чини дека не, бидејќи Салвини спомнува и важни економски причини.

„Нека решат работниците во фабриката Мирафиори и од цела Италија дали е фер да се отпуштаат луѓе во Италија и да се даде приоритет на Кина“, вели тој, мислејќи на историската фабрика за автомобили на Stellantis во Торино.

Производството на автомобили е клучен дел од италијанскиот индустриски сектор, со компании како Fiat, Alfa Romeo, Lancia, Jeep, Ferrari и Lamborghini. Кина е најголемиот светски производител на електрични возила. Десничарската коалиција е голем фаворит за победа на изборите во Италија.