Избор на производителот: најдобрите пет Mercedes-Benz кабриолети / ВИДЕО
Mercedes-Benz има импресивна гама која го опфаќа речиси секој автомобилски сегмент. Од SUV до спортски, од луксузни до пик-ап автомобили, кои со голем успех се продаваат на речиси сите пазари
Во моделната гама на германскиот гигант во моментов има шест кабриолет модели, меѓу кои се С, Е и S-класата, SLC и SL Roadster моделите, како и AMG GT Roadster.
Но, дали знаете кој е омилен кабриолет на сите времиња според изборот на самата компанија? Ако мислите дека тоа е моделот Mercedes-AMG GT Roadster, кој развива 547 КС и 60 Nm вртежен момент и кој од 0-100 km/h стигнува за 3.7 секунди пред да постигне максимална брзина од 315 km/h, се лажете.
Во краткото видео, чиј креатор е компанијата Mercedes, ќе видите пет кабриолет модели според изборот на компанијата. Број еден е резервиран за навистина посебен автомобил, за автомобил кој продолжува да го диктира дизајнерскиот правец на компанијата во повисоките сегменти. Вистинските фанови на германскиот производител сигурно ќе знаат за кој модел станува збор, а ако не сте сигурни, проверете го приложеното видео.