Италијански бисер за крај на годината во само еден примерок!
Срцето на италијанското купе е 2.9-литарски твин-турбо V6 мотор со 540 КС и 600 Nm
Alfa Romeo и Zagato претставија нов бидер! Проектот започнал уште минатата година, а станува збор за уникатен автомобил базиран на моделот Giulia Quadrifoglio, со огромни подобрувања.
Giulia SWB има целосно нова каросерија, но и скратено меѓуоскино растојание, така што седанот може да се претвори во елегантно купе со две врати без задни седишта.
Како што може да се види од фотографиите, резултатот е импресивен.
Агресивниот преден дел со огромна решетка добил Tonale светла, а освен што ги отстранил задните врати, Zagato се ослободил и од стандардните рачки на вратите за да ја исчисти страната од „непотребни ситници“.
Наместо нив, на B-столбот има копче за отворање на вратата.
Срцето на италијанското купе е 2.9-литарски твин-турбо V6 мотор со 540 КС и 600 Nm вртежен момент, кој доаѓа во комбинација со 6-брзински мануелен менувач. Моќта се пренесува на задните тркала.
Во внатрешноста се користени делови од Giulia Quadrifoglio (инфозабавен екран, прекинувачи…), а Zagato користел и материјали од јаглеродни влакна за поголемиот дел од контролната табла и вратите. Секако, тука се и препознатливите ознаки ‘Z’ на кожните седишта.
Иако точната цена не е откриена, медиумите шпекулираат дека станува збор за износ од околу 300.000 фунти или околу 330.000 евра!
Автомобилот е веќе испорачан на клиент од Германија.