
Италија го стимулира возењeто на скутери и велосипеди во контекст на борбата против заразата
Владата на Италија е подготвена да промовира набавка на велосипеди и скутери, со цел да спречи сообраќаен метеж односно железничкиот и патничкиот сообраќај, со цел да се минимизира ризикот од пренесување на заразата
Законски акт веќе е во правна процедура, веројатно владина регулатива во која треба да бидат детализирани даночните и другите стимулации.
Веста за медиумите ја пренесе италијанскиот министер за транспорт, Паола Де Микели, без да го наведе износот на пари од италијанскиот буџет.
Како најтешко погодена земја во Европа кога станува збор за последиците од заразата, Италија сака да ги релаксира строгите регулативи против инфекција, почнувајќи од 4 мај кога се очекува да проработат и првите фабрики и компании и тоа со полн капацитет.
„Сообраќајниот метеж типичен за шпицовите мора да се избегне по секоја цена. Сепак, за такво нешто немаме доволно автобуси ниту возови“, вели Де Микели. „Само половина од достапниот капацитет на транспортниот систем може да се искористи за да се обезбеди физичко растојание меѓу патниците. Ако сите ги користиме автомобилите, ќе предизвикавме колапс на сообраќајот. Затоа, треба да ги промениме сообраќајните регулативи со цел да овозможиме полесна употреба на овие две превозни средства, односно да обезбедиме патеки за велосипедисти“.
Градските власти во Милано веќе размислуваат да отворат привремени патеки за велосипедистите како и пешачки патеки кои ќе овозможат движење со задолжителното физичко растојание, или популарно кажано „социјална дистанца“. За овие цели ќе бидат преуредени вкупно 35 километри улици, вклучувајќи го и Corso Buenos Aires, како една од најважните трговски улици во градот.
Во меѓувреме, Германија планира да воведе субвенции за набавка на нови патнички автомобили. Едни се однесуваат на превенција од инфекции, додека другите се јасно стимулирање во однос на автомобилската индустрија.