Автономното сопирање во критични ситуации како современ систем за помош на возачот вклучува препознавање на пешаци. Сепак, студија спроведена од страна на Американската автомобилска асоцијација (ААА) оваа (под)функција ја идентификува како „целосно неефикасна“ во ноќните часови

За време на истражувањето биле користени соодветно опремени примероци на Tesla Model 3, Toyota Camry, Chevrolet Malibu и Honda Accord. Ситуациите на кои биле изложени тест автомобилите вклучувале следно:

  • Приближување до возрасно лице во улога на пешак со брзина од 32 km/h и 48 km/h;
  • Приближување до дете на патот кое се наоѓа помеѓу два паркирани автомобили со брзина од 32 km/h и 48 km/h;
  • Кога некој ќе зачекори на коловозот во ситуација кога возилото свртува во улица што е поставена под прав агол, од десна страна;
  • Приближување до две возрасни лица кои се движат по ивица на патот со брзина од 32 km/h и 48 km/h;
  • Приближување до возрасно лице во улога на пешак во текот на ноќта, со брзина од 40 km/h.

За време на тестирањето, фигурите кои симулирале деца биле удрени од тест возилото во 89% од ситуациите, а апсолутно ниту еден автомобил не можел да го избегне контактот со пешак кога се движел со легална брзина од 48 km/h. Уште подраматично е што ниту еден од автомобилите дури не забавил, а камоли да запре, во споменатата ситуација кога се свртува десно во улица.

Понатаму, системите за откривање на пешаци се покажале како целосно неефикасни ноќе, периодот во кој се случуваат 75% од вкупниот број несреќи во кои жртва се пешаци, во Северна Америка.

„Несреќите во кои страдаат пешаците со смртни последици се се почести, што укажува на важноста на системите кои би можеле тоа да го спречат“, вели Крег Бренон, директор за автомобилски инженеринг и индустриски односи во ААА. „Сепак, студијата што ја спроведовме покажа дека сегашните системи, во најмала рака, не се совршени и дека треба уште многу да се работи на нив. И покрај инсталирањето на овие помагала, ангажманот на возачот да се избегне несреќа е апсолутно клучен“, заклучува тој.

Loading...