Истражување: Што возат најпаметните возачи? IQ игра важна улога во изборот на бренд
Студија изработена со 2.024 возачи покажува дека сопствениците на бензински автомобили имаат највисок коефициент на интелигенција
Британската веб-страница Scrap Car Comparison, во соработка со институтот Censuswide, направила интересна студија спроведена на примерок од 2.024 возачи. Целта на студијата била да се открие кои марки на автомобили ги избираат најинтелигентните луѓе.
Со коефициент на интелигенција 99, возачите на Škoda се на врвот, а потоа следат возачите на Suzuki (98,09), возачите на Peugeot (97,79), возачите на Mini (97,41) и возачите на Mazda (95,91).
Од другата страна на листата, студијата открива дека возачите на BMW имаат понизок коефициент на интелигенција (91,68), а потоа следат возачите на Fiat (90,14) и возачите на Land Rover (88,58).
Сепак, треба да се напомене дека просечниот коефициент на интелигенција на глобално ниво се движи помеѓу 85 и 115, така што сите испитаници биле во тој опсег.
Што се однесува до погонските агрегати, студијата покажува дека сопствениците на бензински автомобили (94,35) имаат највисок IQ во просек, пред хибридните (93,89), дизелските (92,91) и електричните модели (90,19).
Бренд / IQ
- Škoda / 99
- Suzuki / 98.09
- Peugeot / 97.79
- Mini / 97.41
- Mazda / 95.91
- Toyota / 95.76
- Opel/Vauxhall / 95.11
- Mercedes-Benz / 94.74
- Nissan / 94.71
- Seat / 94.71
- Citroen / 94.29
- Hyundai / 93.52
- Renault / 93.41
- Audiв93.25
- Kia / 93.01
- Honda / 92.88
- Ford / 92.75
- Volvo / 92.40
- Volkswagen / 92.25
- BMW / 91.68
- Fiat / 90.14
- Land Rover / 88.58