Cамо еден час по стапувањето на законот во сила во Канада, е напишана првата казна за возење под влијание на марихуана

Канада, пред пет дена, донесе закон кој дозволува пушење марихуана на јавни места, под услов да е купен во одобрени, овластени продавници. Според новиот закон, на секој граѓанин на Канада му е дозволено да поседува до 30 грама марихуана, што е доволно за околу 60 цигари, а лично секој ќе може да одгледува до четири стебла од ова растение.

Таквите правила сигурно ќе донесат економски плус, но прашање е како законот ќе функционира кога зад воланот се наоѓа некој кој е „надуван“ и дали правилата ќе бидат исти како и за пијаните возачи. Па … само еден час по стапувањето на законот во сила во Канада, е напишана првата казна за возење под влијание на марихуана.

Во градот Винипег, локалниот полицаец Горд Спадо запрел возило околу еден час по полноќ, а возачот добил парична казна од 672 долари. Спадо вели дека иако конзумирањето на марихуана е дозволено, тоа не значи дека е дозволено да се биде зад воланот под влијание на оваа супстанца.

Сепак, се поставува прашањето зошто возачот не бил уапсен (како што е случајот кога би возел во алкохолизирана состојба), туку му било дозволено да остане во автомобилот. Шпекулациите велат дека возачот всушност и не возел кога полицаецот му се приближил, туку само седел во автомобилот.

Спадо додава дека се сомнева дека лицето, покрај првиот прекршок дополнително направило уште еден незаконски купувајќи марихуана. Всушност првите испораки на марихуана во продавниците пристигнувале токму во времето кога е направен прекршокот, но бидејќи немал докази, полицаецот сепак одлучил да не напише дополнителна казна. Во иднина, полициските службеници можат да побараат фактура или слична потврда дека марихуаната е законски купена.

Конечно, полицаецот Спадо вели дека законот го третира возењето со моторно возило многу слично како возењето во алкохолизирана состојба. Единствената голема разлика е во тоа што за алкохолот има јасна граница или лимит (во повеќето држави е 0,008 промили), додека прагот на толеранција за конзумираната марихуана е само „субјективна проценка“.