Apple iPhone и неговиот систем за автоматско откривање сообраќајни несреќи може да се збунат во забавен парк и да реагираат погрешно

Токму таква непријатност се случила неодамна во забавен парк во државата Охајо. Сара Вајт, сопственичка на два дена стар iPhone 14 Pro, поминувала време во забавниот парк и сакала да оди во т.н. воз на смртта. За време на возењето се активирал автоматскиот систем за откривање сообраќајни несреќи на уредот на Apple и почнал автоматски да ја повикува службата за итни случаи, пишува Wall Street Journal.

Објавено е и видео на кое седум пати се повторува порака до итната помош дека сопственикот на телефонот загинал во тешка сообраќајна несреќа.

Ова не е прв случај на лажна тревога. Минатиот месец, на пример, извесен Даглас Сандерс го испуштил својот iPhone додека го возел својот мотор. Мислејќи дека е неповратно уништен, тој побрзал во продавницата на Apple за да земе нов уред. Сепак, телефонот бил недопрен, а се активирал и системот за откривање сообраќајни несреќи. Во меѓувреме биле контактирани итни контакти, вклучувајќи ги неговите родители и неговата девојка, кои ги фатила паника кога биле информирани дека Сандерс загинал во сообраќајна несреќа.

За потсетување, кога ќе открие сериозна сообраќајна несреќа, телефонскиот систем автоматски ги повикува контактите за итни случаи и итните служби по 10 секунди. Притоа, Crash Detection користи три функции на уредот. Барометарот детектира промени во притисокот во кабината, додека GPS ги следи промените во брзината. Конечно, микрофонот може да регистрира звуци типични за сообраќајна несреќа. Дополнително, моќниот жироскоп и акцелерометарот (со мерење до 256 G) на Apple Watch придонесуваат за проценка на ситуацијата.

Без сомнение, Apple ќе мора повторно да го калибрира системот за во иднина сопствениците, а особено наведените контакти за итни случаи, да бидат поштедени од такви непријатности. И тоа што е можно поскоро, бидејќи секој ден има се повеќе луѓе кои ја користат новата генерација на уреди. Во моментов, се советува дека во случаи со намерно големо забавување, како што е возот на смртта, корисниците да ги префрлат своите мобилни телефони на т.н. авионски режим. Барем до првото значајно ажурирање.

Добрата работа е што ова покажува дека системот навистина функционира. На крајот на краиштата, веќе се забележани неколку случаи кога овој систем спасил животи.