„Модерните и електричните автомобили можеби изгледаат подобри за планетата, но проблемот е во тоа колкаво е влијанието на нивното производство“

Новиот извештај на Footman James, осигурителна куќа специјализирана за класични возила, тврди дека класичните автомобили нанесуваат помала штета на животната средина отколку модерните возила, вклучително и електричните возила. Овој заклучок ја зема предвид ограничената употреба на класици во текот на годината наспроти модерните автомобили кои се користат секојдневно и генерираат огромни количества јаглерод при производството.

фото: Footman James

Според извештајот, просечниот класичен автомобил во Велика Британија испушта 563 kg CO2 годишно, бидејќи сопствениците на класични автомобили возат просечно 1.931 км годишно. Иако модерните возила имаат значително помали емисии на CO2 на km, тие возат многу подолги растојанија годишно и доаѓаат со прилично голем јаглероден отпечаток веќе од фабриката.

фото: Footman James

Студијата сугерира дека јаглеродниот отпечаток за време на производството на просечен патнички автомобил како на пример VW Golf е 6,8 тони CO2. Модерно електрично возило на батерии како Polestar 2 ја зголемува оваа бројка на 26 тони CO2 пред воопшто да ја напушти фабриката, што може да биде тешко да се надомести со возење со нула емисија на гасови. За споредба, потребни се повеќе од 46 години користење за просечниот класичен автомобил да ја достигне истата бројка на CO2 од 26 тони.

Точно, оваа споредба ќе биде сосема поинаква кога производителите на автомобили ќе ги постигнат своите цели за јаглерод неутрално производство некаде во следната деценија. Самиот Polestar е посветен на производство на првиот климатски неутрален автомобил до 2030 година, додека многу други компании работат на намалување на јаглеродниот отпечаток на нивните фабрики и простории.

фото: Footman James

Сепак, Volvo неодамна призна дека производството на EV моментално генерира 70 проценти повеќе емисии од неговиот еквивалент на внатрешно согорување, иако јаглеродниот отпечаток е помал за целиот животен циклус.

Извештајот тврди дека две третини од сопствениците на класични автомобили се загрижени за климатските промени, а повеќе од половина од нив би биле отворени за компензација за емисиите. Дејвид Бонд, извршен директор на Footman James, вели: 

„Лесно е да се претпостави дека класичните автомобили се поштетни само поради нивните постари и помалку ефикасни мотори, меѓутоа, податоците во овој извештај ја побиваат таа теорија“.

„Навистина се работи за тоа како овие возила се одржуваат и користат; јасно е дека иако новите модерни и електрични автомобили може да изгледаат подобри за планетата од ден на ден, проблемот е колкаво влијание има нивното производство.