Citigroup во извештајот објавен во вторникот вели дека претпоставките за оваа прогноза вклучуваат глобална рецесија …

Цените на нафтата би можеле да паднат на 65 долари за барел до крајот на оваа година и до 45 долари за барел до крајот на 2023 година, доколку светот влезе во рецесија што би ја уништило побарувачката за гориво, наведува Citigroup (Global Investment Bank and Financial Services).

Банката во извештајот објавен во вторникот вели дека претпоставките за оваа прогноза вклучуваат глобална рецесија, недостаток на интервенција од страна на OPEC+ или некои од нејзините членки за зголемување на понудата и пад на инвестициите во нафта. 

Стравувањата од рецесија ги намалија цените на нафтата во последниве недели, а првиот месечен пад го забележаа во јуни.

Глобалниот шеф на Citigroup за истражување на стоки, Ед Морс, во јуни имаше изјава во која кажа дека суровата нафта е многу преценета и треба да биде околу 70 долари за барел.