Infiniti QX Inspiration – EV SUV со „жестокo“ забрзување
Јапонската компанија Infiniti го отстрани превезот од својот целосно електричен SUV, концептот QX Inspiration
QX Inspiration првенствено го покажува правецот по кој Infiniti ќе се движи во иднина кога станува збор за дизајнот на електрични автомобили.
Концептот е долг 4,650 mm, што QX Inspiration го прави скоро исто голем колку и новиот QX50, но со драстично различен дизајн.
Исфрлањето на SUS моторот на дизајнерите им овозможило да го отстранат големиот преден влез за воздух и да го заменат со мазна површина на која доминира Infiniti заедно со логото на компанијата.
Од исфрлањето на SUS моторот корист има и внатрешноста на возилото поставено на масивни 22-инчни тркала, бидејќи истата е поместена малку понапред, поради што автомобилот има избалансиран профил.
Сепак, исфрлањето на V8 единицата не значи недостаток на перформанси. Од Infinity ветуваат дека електричниот погон ќе ја следи робусноста на дизајнот. Лидерите не откриваат многу детали, но се претпоставува дека QX Inspiration има батерија под подот која е напојување за двата електрични мотори, по еден за секоја оска.
Од Infinity ветуваат „брутално моментално забрзување“ во комбинација со ниско тежишта за максимална доверба во возилото во сите ситуации.
Премиум брендот на Nissan сеуште не објавил дали QX Inspiration ќе добие производна верзија.