Infiniti ја напушта Европа?!
Како и Lexus, ниту Infiniti не може да се пофали со особено добра продажба на Стариот континент
Едноставно, да се победи германската тројка на нивна територија, секако е исклучително тешка задача. Toyota се обиде со Lexus, но очигледно во Nissan не научиле многу од неуспехот на своите сонародници.
Според францускиот сајт autoactu.com, челниците на Infiniti веќе ја оценуваат можноста за напуштање на европскиот пазар. Французите велат дека заминувањето на актуелниот шеф на Infiniti, Харолд Кругер, ќе биде одлучувачки за брендот да ја напушти Европа. Во 2014 година, Кругер во компанијата беше донесен од сега поранешниот шеф на Nissan, Карлос Гон.
Кругер го напушта Infiniti и оди во Dyson, новоформираниот автомобилски оддел на оваа компанија.
Што се однесува до Infiniti, ситуацијата во Европа е многу драматична. Во 2017 година, биле продадени 12.571 автомобили (вклучувајќи ја и Русија), што сепак е подобар резултат споредено со 2018 година. Од јануари до ноември минатата година, Јапонците, на европскиот пазар продале само 5.938 возила! Без оглед на недостатокот на информации за последниот месец од минатата година, јасно е дека ситуацијата е алармантна.
За жал, најверојатно, не станува збор за тоа дали Infiniti ќе се повлече од Европа, туку прашањето е кога.