Имате вишок 43 часа? Топ 30 најдолги и најтешки за читање упатства за употреба на автомобилот
Верувале или не, прирачникот за Audi R8 има 28.777 зборови повеќе од книгата „Војна и мир“!
Дали некогаш сте го прочитале упатството со инструкции за вашиот автомобил? Ако не сте го направиле тоа и не е нужно потребно, подобро и немојте. Ќе изгубите неколку часа, па дури и денови, за да ги прочитате упатствата за некои автомобили.
Анализата на 100 прирачници за автомобили направена од порталот Scrap Car Comparison (https://www.scrapcarcomparison.co.uk/blog/manual-madness/) открива кои марки ги имаат „најдеталните“ и најголеми упатства за автомобилите.
Најдолгиот прирачник е оној што доаѓа со Audi R8 и содржи неверојатни 616.064 зборови распоредени на 308 страници. Кога ќе го споредиме тоа со просечна брзина на читање од 238 зборови во минута, тоа значи 43 часа и 9 минути читање од корица до корица.
Верувале или не, тоа се 28.777 зборови повеќе и два часа читање подолго од книгата „Војна и мир“!
Во споредба со просечна должина на прирачник од 109.106 зборови, прирачникот за Audi R8 е речиси шест пати подолг. Зад R8, најдолгиот прирачник е оној за Audi e-tron со 603.649 зборови.
МОДЕЛ / БРОЈ НА ЗБОРОВИ / (ПРОСЕЧНО ВРЕМЕ НА ЧИТАЊЕ)
- Audi R8 / 616,064 / (43 часа и 9 минути)
- Audi e-Tron / 603,649 / (42.16)
- Ford F-Serije / 194,305 / (13.36)
- Ram Pickup / 177,196 / (12.24)
- Audi A3 / 174,181 / (12.11)
- Volvo XC40 / 171,457 / (12)
- Volkswagen ID.4 / 168,060 / (11.46)
- Jeep Gladiator / 163,857 / (11.28)
- Ford Focus / 163,225 / (11.25)
- GMC Sierra / 158,194 / (11.4)
- Porsche Taycan / 158,190 / (11.4)
- Chevrolet Silverado / 157,625 / (11.2)
- Audi Q2 / 155,636 / (10.53)
- Volkswagen Tiguan / 154,043 / (10.47)
- Ford Puma / 148,246 / (10.22)
- Seat Leon / 148,208 / (10.22)
- Mercedes C Klasa / 143,757 / (10.4)
- Toyota Corolla / 141,556 / (9.54)
- Nissan Frontier / 136,317 / (9.32)
- Ford Ranger / 135,840 / (9.30)
- Kia Niro / 134,241 / (9.24)
- Mercedes GLC / 131,574 / (9.12)
- Toyota C-HR / 131,431 / (9.12)
- Škoda Karoq / 131,069 / (9.10)
- Nissan Qashqai / 130,140 / (9.6)
- Land Rover Discovery Sport / 130,019 / (9.6)
- Kia Sportage / 127,813 / (8.57)
- Hyundai Tucson / 127,517 / (8.55)
- VW T-Roc / 127,465 / (8.55)
- Toyota RAV4 / 126,217 / (8.50)