Моделот Sorento не е познат по проблеми со доверливоста, така што земањето дополнителна гаранција само по себе е чудно. Сепак, се исплатело

Дополнителните гаранции понекогаш се прилично неразбирливи и честопати може да бидат губење пари. Сепак, еден сопственик на Kia Sorentо од САД користел 10-годишна гаранција за неограничена километража и тоа се исплатело на досега невиден начин.

Според механичарот запознаен со предметното возило, сопственикот заштедил десетици илјади долари.

Sorento не е познат по некои големи проблеми со доверливоста, така што потпишувањето на оваа гаранција било чудно само по себе. На Reddit, некој објавил дека дотичниот дилер ја понудил таа гаранција за 7.000 долари, а имајте на ум дека Kia веќе нуди гаранција од 10 години / 160.000 километри во САД уште од 2012 година кога автомобилот за првпат пристигнал на овој пазар.

Се чини дека гаранцијата неодамна истекла бидејќи сопственикот на оваа Kiа поминал речиси 980.000 километри. За тоа време, сопственикот на ова Sorento заменил повеќе главни погонски делови отколку што можете да соберете на двете раце.

Имено, ова Sorento за време на гарантниот рок поминало низ 203 промени на маслото, 20 промени на маслото во менувачот, 9 мотори и 4 менувачи. Тоа е во просек 4.800 километри помеѓу секоја промена на маслото, еден мотор на секои 108.000 километри и еден менувач на секои 245.000 километри.

Механичарот рекол и дека примерокот од приказната имал многу тежок живот и дека не бил „гален“. Посебно се споменати оштетени клипови, лостови, брегаста осовина, глава на цилиндерот, па дури и напукнато коленестото вратило.

Според изворот, само една замена на моторот за Kiu Sorento чини околу 4.500 долари. Малку математика и ќе добиете заштеда од 33.500 долари ако гаранцијата навистина чини 7.000 долари.

Колку и да е тешко да се признае, убаво е да се види дека барем некој имал корист од гаранцијата. Според изворот, дотичниот сопственик го заменил Sorento откако истечекла гаранцијата.