Неодамна Volkswagen подготви фантастична реклама како дел од промотивната кампања за својот пикап камионет со V6 погонска група. Сепак, реакцијата на регулаторните власти во Австралија дојде многу брзо

Целото дејствие е замислено и осмислено да ја истакне мултифункционалноста и моќноста на Amarok, со сериозна доза на забава за публиката. Се испостави рекламата треба да биде повлечена од етерот, поради жалбите дека „ги поттикнува возачите да се обидат да извршат опасни дејства за претекнување на други возила“, како и поради оценката дека станува збор за „неодговорно рекламирање“.

„Прикажаните секвенци во рекламата се многу опасни и, во согласност со важечката законска регулатива во Австралија, претекнување на начин како што е прикажано во промотивниот клип е забрането“, е само еден од големиот број на коментари во врска со атрактивниот видео материјал, и се однесува на сцена во која Amarok претекнува два шлепери.

Со овој компентар набрзо се согласиле и надзорните тела одговорни за анализа на промотивни пораки во земјата на кенгурите, иако експертите го прифатиле, односно се сложиле со аргументот дека рекламниот материјал е од строго имагинарен карактер.

„Иако рекламата ја красат феноменални, сцената во која возилото започнува со претекнување на камионите, може да биде реалистичен детал односно сообраќајно сценарио кое се карактеризира со неодговорно и арогантно возење“, се вели во соопштението за причините за забрана на рекламирање.

„Згора на сè, одлуката на возачот да го напушти асфалтниот пат за да ги обиколи двата шлепера, целосно е ирационална и претставува грубо кршење на сообраќајните правила,“ се вели понатаму.

Како и да е, Volkswagen ја повлекол забранетата реклама, која по дорабока повторно се враќа на 5 ноември.