Има и светла страна: Системот за автономно возење на Tesla природниот сателит на Земјата, Mесечината, го третира како жолто светло на семафор!
Во случајов треба да се напомене дека Месечината била во ниска позиција, ако тоа воопшто може да биде изговор за Tesla …
Американскиот производител на електрични автомобили се обидува да докаже дека има функционален систем за автономно возење, односно им нуди на корисниците да се претплаќаат на опцијата Full Self-Driving за 99 до 199 долари месечно. Но, оваа опција е далеку од совршена. Неодамна, возач на Tesla го споделил својот практичен пример.
Се чини дека системот ја регистрира полната месечина како жолто светло на семафор и го забавува возилото. Треба да се напомене дека Месечината била во ниска позиција.
Директорот на Tesla, Илон Мукс досега се фалеше со технолошките достигнувања на неговата компанија, но десетици проблеми доаѓаат со секоја ваква новост и функционалност. Ова е еден од нив. Погледнете и самите!
Hey @elonmusk you might want to have your team look into the moon tricking the autopilot system. The car thinks the moon is a yellow traffic light and wanted to keep slowing down. ?? @Teslarati @teslaownersSV @TeslaJoy pic.twitter.com/6iPEsLAudD
— Jordan Nelson (@JordanTeslaTech) July 23, 2021