Има чипови, но нема купувачи? Почнаа првите попусти на новите автомобили!
Производителите го зголемуваат производството, но потрошувачите се загрижени за инфлацијата и зголемените животни трошоци
Прво имаше недостиг на автомобили поради кризата со чипови, а сега има се помалку купувачи, па производителите на автомобили ја стимулираат побарувачката со попусти, дури и оние кои одамна не нудат никакви попусти. Ова се однесува на големиот и конкурентен германски пазар.
Купувачите на нови автомобили во Германија повторно очекуваат поголеми попусти, при што производителите нудат просечен попуст од 16,3 отсто на 30-те најпродавани нови автомобили, а уште повеќе на најпопуларните plug-in хибриди, покажува новата студија на Центарот за истражување на автомобили (CAR) во Дуизбург, Германија.
Овој тренд би требало дури и да се зголеми во наредните месеци. Производителите го зголемуваат производството, но потрошувачите се загрижени за инфлацијата и зголемените животни трошоци. На пример, Hyundai i30 е дури 20 отсто поевтин, а на попуст е и премиум моделот А3.