Илон Маск влезе во Топ 5 најбогати луѓе на светот
По неодамнешното зголемување на акциите на Tesla, Илон Маск повторно се искачи на петтото место на листата најбогати луѓе во светот, објави Forbes.com
По скокот на акциите за 11,2%, проценетата вредност на Муск сега изнесува 86,5 билиони долари.
Според Forbes, Маск вели дека е рамнодушен кон својата позиција на листата на на најбогатите.
„Овие бројки растат и паѓаат, но она што е навистина важно е создавање на одлични производи кои луѓето ги сакаат“, вели Маск.
Tesla има помало производство од своите конкуренти Ford или Toyota. Но, со пазарната капитализација од 342 милијарди американски долари, компанијата на Маск сега е пред нив.