Целта е компанијата од акционерска да се претвори во приватна компанија

Првиот човек на Tesla – Илон Мaск, има намера компанијата од акционерска да ја претвори во приватна, а за остварување на целта тој ќе ги откупи сите акции, соопшти самиот тој на својот Twitter профил.

Целата операција Мaск ќе го чини точно 71 милијарди долари, открива тој и додава дека парите веќе се обезбедени. Идејата е со трансформација на компанијата во приватна компанија да се избегне нагли варијации на цената на акциите на компанијата. Ако идејата биде одобрена од страна на акционерите, на нив ќе им биде понудено да ги продадат своите акции за 420 долари по акција. Сега нивната цена на акциите е 379,57 долари.

„Како акционерка компанија сме подложени на сериозни варијации на цената на акциите, што влијае на вработените на Tesla, од кои повеќето се и акционери во компанијата. Тоа понекогаш не тера да донесуваме одлуки кои се добри за краток период, но на долгорочни патеки не се правилни“, вели Мaск на блогот на компанијата на Twitter.

Според аналитичарот на агенција Loup Ventures – Џин Манстер, намерите на Мaск се целосно логични, бидејќи очекувањата на инвеститорите се брзо враќање на инвестиција пари – до 3 месеци, додека долгорочните намери на компанијата се инвестиции кои ќе донесат профит подоцна.

Самиот Мaск е најголемиот инвеститор во Tesla, со околу 20% од акциите. По него се редат инвестициските фондови T. Rowe Price и Fidelity со 9 и 8%, соодветно, следени од фондот Baillie Gifford со 6%.