Илон Маск: Tesla Roadster мора да може да лебди
Илон Маск со години споменува комбинација на автомобил и ракетни потисници, но сега сака нешто повеќе
Гостувајќи кај Џо Роган, тој потврди што се очекува од Tesla Roadster. И веднаш нова идеја, а тоа е дека Tesla Roadster има можност да лебди.
„Сакам да лебди и се обидувам да сфатам како да се стигне до тоа без, знаете, да убие луѓе“, вели Маск во новото продолжение на шоуто емитувано овој четврток. “Можеби може да лебди на метар над земјата или така некако. Ако падне, ќе се скрши суспензијата, но нема да загинете”, објаснува Илон Маск.
Оваа идеја секако веќе се развива во погоните на Tesla. Нема сомнение дека оваа опција, ако влезе во сериско производство, ќе предизвика големи главоболки кај регулаторите за безбедност.
Илон Маск прави скоро сè што сака. Доволно е да се види ентериерот на новиот Tesla Model S со вселенски управувач, но и можноста електрониката на возилото сама да го избира режимот на менувачот (P, R, N, D). Маск не гледа ништо спорно за воланот и забележува дека истиот концепт се користи во Formula 1.