Илон Маск со порака до ривалите на Tesla: Гем, сет, меч!
Илон Маск верува дека автономната технологија сега е толку напредна што најголем проблем за безбедноста во сообраќајот ќе претставуваат луѓето кога ќе ја преземат контролата над возилото од компјутерот
Откако минатата година две лица го загубија животот во автомобили со кои управувал компјутер, довербата на јавноста во автономните возила се намали, а повеќето луѓе сè уште не сакаат да воланот и својот живот да го препуштат на компјутерски софтвер. Меѓу повеќето, не припаѓа и Илон Маск, кој смета дека автономната технологија е сега толку напредни што најголем проблем за безбедноста во сообраќајот ќе претставуваат луѓето кога ќе ја преземат контролата над возилото од компјутерот.
Во едно неодамнешно интервју Маск вели дека кон крајот на оваа, а најдоцна следната година ќе дојде моментот кога автопилотот на Tesla ќе управува побезбедно со автомобилите во однос на луѓето, а човечката интервенција само ќе ја намали безбедноста во возењето. Говорејќи за автопилотот на Tesla, Маск се фали дека се далеку понапред од конкуренцијата (а тоа значи и понапред од Google, односно. Waymo) и вели дека во моментов, како што стојат работите, неговата компанија, со тениски жаргон кажано, има гем, сет и меч.
Интересно, но тој автономните автомобили ги споредува со лифтовите – тој потсетува дека претходно луѓето управувале со лифтовите, но со автоматизацијата веќе никој не сака некој друг да го притисне копчето. Слично би можело да се случи и со автомобилите, бидејќи кога ќе станат целосно автономни, потребите за возач ќе исчезнат. Маск верува дека во суштина е прилично лудо што воопшто е дозволено на луѓето рачно да управуваат со „машините на смртта“ од по два тона и верува дека во иднина никој нема да верува дека некогаш на луѓето воопшто им било дозволено да управуваат со автомобилите, „тоа ќе изгледа како луда идеја“.
Иако Маск вели дека автопилотот може без проблеми да вози во сите услови во кои патот е јасно означен, се чини дека има црна точка на автопилотот се места на патиштата каде што патот се дели со огради – сообраќајните знаци на такви места можат да го измамат автопилотот, како во еден случај минатата година кој заврши трагично.
Потсетување дека од Tesla и понатаму ги предупредуваат сите сопственици на своите возила дека опцијата наречена автопилот, во суштина сеуште не е вистински автопилот, па затоа возачите мора постојано да бидат концентрирани на возењете и да не ги тргаат рацете од воланот.