Основачот и директор на Tesla, Илон Маск, во саботата објави дека поради руската инвазија на Украина, САД мора да го зголемат производството на фосилни горива.

„Мразам да го кажам ова, но мора веднаш да го зголемиме производството на нафта и гас. Вонредните времиња бараат вонредни мерки“, напиша Маск на Twitter.

Во следниот твит тој додава дека иако тоа е лошо за компаниите кои произведуваат електрични возила, а со тоа и за Tesla.

Но, Маск смета дека треба да се признае дека постојните инфраструктурни и одржливи енергетски решенија не се во можност веднаш да ја задоволат побарувачката што досега се задоволуваше со вообичаениот извоз на нафта и гас од Русија.

„Се разбира, ова негативно ќе влијае на Tesla, но одржливите енергетски решенија едноставно не можат веднаш да го дадат посакуваниот ефект и да го компензираат рускиот извоз на нафта и гас“, објаснува Маск.

Голем број земји, вклучително и Соединетите Американски Држави, воведоа санкции кон Русија по извршената агресија врз Украина минатата недела. Санкциите се насочени кон банките, олигарсите и финансиските институции.

Во енергетскиот сегмент тие се многу поблаги и, на пример, не се ни воведени санкции за увоз на нафта и гас од Русија. И покрај ова, рускиот извоз на овие извори на енергија се намалува бидејќи Русите не можат да заработат.

Странските банки и рафинерии одбиваат да соработуваат со Русија поради санкциите.

Маск додаде и твит во кој изразува поддршка за народот на Украина – Држи се цврсто за Украина! – а потоа додаде уште еден твит во кој ја изразува својата поддршка за рускиот народ.

„Изразувам сочувство и со големиот народ на Русија, кој не го сакаше ова“ – заклучува Маск.