Илјадници клиенти во Австралија неможат да дојдат до своите нови возила поради „смрдливки“!
Проценките велат дека бродовите со автомобилите ќе чекаат најмалку четири недели пред австралискиот брег
Како да чекањето нови автомобили поради недостаток на чипови не е доволно за купувачите на автомобили, па сега и вакво нешто. Вака големи пратки автомобили стојат на неколку бродови во близина на Австралија и нивниот истовар е официјално забранет. Причината се бубачки, познати на сите нас како „смрдливки“, или со латинско име Rhaphigaster nebulosa, кои ги преплавиле новите автомобили.
„Смрдливките“ не се одомаќинети во Австралија, а властите не ги сакаат во близина. Придавката „смрдливка“ е најмалиот проблем, а поголем е нивното негативно влијание на биолошката разновидност и, по луѓето, неповолните навики во исхраната. Имено, нивните „гозби“ се состојат од зеленчук и житарки.
Овие цврсти инсекти кога ќе влезат во куќи, автомобили, деловни згради, амбари… можат да лежат неактивни со месеци пред да оживеат и да почнат да се хранат и да се размножуваат. Се проценува дека бродовите со автомобили ќе чекаат најмалку четири недели од австралискиот брег. Австралиските власти бараат да се отстранат овие инсекти, а сличен проблем имале и во 2019 година со илјадници Hyundai и Kia модели на бродовите.