Иднината на транспортот: Претплата на такси возења како на Netflix
Најголемиот конкурент на Uber, Lyft, на корисниците кои често ги користат нивните услуги им нуди нова можност – претплата со која за 200 долари месечно би можеле да поминат дури 1600 километри
Иднината носи големи промени пазарот на транспорт и вклучува автономни автомобили и камиони, летечки такси возила и бројни такси сервиси кои ќе им овозможат на луѓето да престанат да купуваат автомобили и да користат само такси услуги.
Од денешна гледна точка, ова сценарио можеби се чини невозможно, но промените за кои се дискутира веќе некое време и кои ќе ги донесе напредокот на технологијата, толку се радикални што за 5-10 години, можеби навистина ќе биде поевтино да се користи такси (кое ќе биде поевтино, бидејќи со него нема да управуваат луѓе, туку компјутерите, а повеќето ќе бидат електрични возила кои трошат помалку енергија) отколку да се биде сопственик и да се одржува сопствен автомобил.
Големите компании веќе некое време се подготвуваат за таква иднина и тестираат различни опции и иновации во такси пазарот. Една од овие компании е Lyft, конкурент на Uber кој започна со тестирање на услугата со претплата, која можеби најдобро може да се отслика како Netflix за такси.
Тие веќе некое време, на корисниците кои често ги користат нивните услуги им испраќаат покани за оваа услуга – за одредена месечна претплата, корисниците ќе имаат можност за одреден број на возења преку Lyft.
Така, на пример, за месечна претплата од 199 долари, корисниците ќе можат да се возат 30 пати, при што цената за едно возење во рамките на овој пакет изнесува до 15 долари. Овој вид на претплата се чини интересен за корисници кои често со такси одат и заминуваат од работа. Иако заштедата на хартија е 250 долари (30 возења по 15 долари се 450 долари, а корисниците ќе платат 200 долари месечно), корисниците сигурно никогаш нема да потршат точно 15 долари по возење туку помалку, односно не е познато што ќе биде во ситуација кога возењето ќе биде подолго, односно ќе чини повеќе од 15 долари.
Освен претплата од 200 долари месечно, Lyft ќе понуди и други ценовни модели (60 возења за 400 долари и така натаму), а извршниот директор Логан Грин вели дека ваквиот начин на користење на такси услугите е иднина на компанијата. На конференција на која ја најави соработка со компанија Мagna со која ќе развиваат автономни автомобили, споменува дека тие сакаат да ја променат и „префрлат“ целата индустрија која се базира на сопственост на автомобил на таков претплатнички модел.
„Lyft ќе ги покрие сите ваши транспортни потреби“, вели Логан, и според неговите пресметки, корисниците за околу 200 долари месечно ќе можат да поминат околу 1600 километри.
Слична услуга претходно има тестирано и Uber, но не е познато дали биле задоволни од ефектите на таквиот модел.