Француската компанија по многу папарацо фотографии даде официјален увид во новиот компактен кросовер, пред премиерата закажана за следната година. Сестринскиот модел на Nissan Qashqai ќе добие ново име – Austral

Името потекнува од латинскиот термин „australis“, а во Renault го избрале него затоа што „звучи добро на многу европски јазици, вклучувајќи го и францускиот, што е важно за бренд кој се гордее со своите корени“. 

Силвија Дос Сантос, која работи во одделот за маркетинг, вели: 

„Austral ја евоцира виталноста и топлината на јужната хемисфера. Тоа е име кое повикува на патување и е совршено за SUV. Тоа е хармоничен баланс на звуци кои се лесни за изговарање и од меѓународен карактер“.

Настрана од маркетиншките озборувања, Austral за 2022 носи нова корпоративна значка, веќе видена на Megane E-Tech. Засега, Renault е подготвен да ни го покаже токму тој детал, но велат дека компактниот кросовер ќе биде долг 4,51 метар, со доволно простор за пет патници. Вкупната должина го прави малку подолг од Qashqai, кој се протега на 4,42 метри.

И покрај тоа што прототипите се темелно камуфлирани, тие оставаат впечаток дека новиот Austral значително ќе се разликува од Kadjar. Дизајнот е поостар, со помалку заоблувања и со целосно редизајниран ентериер.

Останува да се види дали Renault ќе го следи курсот на Nissan за откажување od дизел моторите за новиот модел со зголемено растојание од подлогата. Друг дел од сложувалката што недостасува се однесува на Qashqai E-Power, иден хибрид кој користи мотор со внатрешно согорување за полнење на батеријата, бидејќи електричниот мотор е задолжен за придвижување на тркалата. Не е јасно дали Austral ќе ја прифати истата поставка, иако се верува дека ќе биде искористен E-Tech хардверот, развиен внатре во компанијата.

Од премиерата не делат неколку месеци од премиерата.