Идната генерација на Fiat Panda значително ќе порасне
Според најновите шпекулации од Апенинскиот Полуостров, Panda може да стане дури и дел од субкомпактната класа, односно да го напушти А сегментот
Овој развој на настаните можеби се чини малку нереален, бидејќи токму неговите скромни димензии се само една од причините за огромната популарност на Panda во Италија. Покрај тоа, овој модел е и најпродаван автомобил од сегментот А во цела Европа, така што овие најави не изгледаат како логичен редослед на настаните.
Во однос на дизајнот, се очекува дека новата Панда значително ќе го преслика концептот Centoventо кој беше виден во 2019 година. Значи, кубните форми ќе останат присутни, но исто така ќе има и ретро шмек.
Се верува дека сегашната Panda е и последната итерација на ова возило која ќе се потпира на термички мотори. Следната генерација дефинитивно ќе се префрли на електричен погон.
Имајќи го тоа на ум, новата Panda најверојатно ќе ја користи STLA Small платформата на Stellantis, наменета првенствено за мали градски автомобили. Според претходните најави од Stellantis, возилата базирани на оваа архитектура може да сметаат на максимален дострел од околу 500 километри.
Кога би можеле да ја видиме? Дефинитивно не наскоро. Сегашната генерација на Panda има, барем, уште 3-4 години живот. Тешко е да се замисли новата, електрична Panda да се појави пред 2025 година.