Toyota официјално соопшти дека во јануари ќе го прекине производството во пет фабрики во Јапонија поради проблеми со синџирот на снабдување, недостиг на чипови и пандемијата на Ковид-19

Прекинот ќе го наруши производството на околу 20.000 возила, но нема да влијае на планираната годишна цел од девет милиони возила, велат од најголемиот јапонски производител на автомобили.

Toyota минатата недела соопшти дека предвидува поголем пад на производството на возила во Северна Америка во јануари, на 50.000 единици, поради проблеми со синџирот на снабдување.

Проблемите во синџирот на снабдување погодија многу производители на автомобили ширум светот, а особено снабдувањето со чипови и други електронски компоненти.