И најпродаваниот автомобил во светот ќе вози на струја
Бестселерот на Toyota ќе добие plug-in хибридна модификација
Toyota развива нова хибридна верзија на својот бестселер, моделот Corolla. Ова го објави јапонската страница Best Car Web, повикувајќи се на свои извори.
За купувачите сега е достапна Corolla Hybrid, но во овој случај станува збор з т.н. „благ“ хибриден погон кој има за цел само намалување на еколошките стандарди. Батеријата во новата верзија ќе може да се полни од надворешни извори, а колкава ќе биде автономијата на новата Toyota Corolla PHEV сè уште не е позната.
Најверојатно, ако судиме според сегашните стандарди, plug-in хибридната верзија ќе може да патува само на растојание од 50-60 километри. На пример, Toyota RAV4 PHEV поминува 62 километри со едно полнење, по што се вклучува бензинскиот мотор.
Треба да се напомене дека Corolla PHEV веќе се продава во Кина, но оваа верзија е изградена на претходната генерација на Corolla и е тесно поврзана со кинеската верзија на Toyota Prius.
Кога оваа верзија ќе се најде во продажба, сеуште не е познато. Најверојатно, ова ќе се случи на крајот од 2021 година или почетокот на 2022 година, а модификацијата се очекува да биде достапна и во Европа.