Honda ќе влезе во емисионо партнерство со Tesla во Европа, односно ќе и плати на американската компанија со цел да избегне далеку повисоки финансиски казни подготвени од Европската комисија за сите производители кои не ги исполнуваат зацртаните норми во врска со емисијата на штетни гасови на флотно ниво

Како што се ближи крајот на годината, се повеќе брендови признаваат дека нема да ги исполнат целите за емисии на ниво на флота во Европа. Иако првично се веруваше дека бирократите од Европската комисија ќе имаат разбирање оваа година поради пандемијата на коронавирус, очигледно е дека во Брисел немаат многу милост.

Токму од тие причини, Honda се обратила до Tesla за помош, и со плаќање кон американската марка ќе може да избегне големи финансиски казни подготвени од Европската комисија. Сè уште нема информации за тоа колку Honda ќе ја чини сојузот со Tesla, но Јапонците не се единствениот бренд кој прибегна кон соработка со производителот на електрични автомобили. Истото го стори и FCA, која одамна сфати дека нема да може да ги исполни поставените норми за емисија на флота.

Неодамна, Ford одлучи да му се „придружи“ на Volvo со цел да избегне десетици милиони евра казни кои потенцијално ќе ги добијат од ЕУ. Некои други производители, како што е JLR, исто така признава дека нема да може да ги задржат емисиите на флотно ниво под 95 g/km, но не сакаат да остварат никакви партнерства во оваа област и веќе објавија дека издвоиле средства за плаќање на казни.

Исполнувањето на нормите е знак прашање и за двата германски гиганти – Volkswagen и Daimler. Тие се надеваат на одлична продажба во последниот квартал возилата од гамата со ниска емисија со цел да се избегнат драконските казни на ЕУ.