Во Hyundai работат на електричен градски автомобил за помалку од 20.000 евра, кој планираат да го понудат во Европа како нивен нов почет базен модел

Овој досега неименуван модел очигледно би можел да биде замена за Hyundai i10 и ќе им се придружи на другите електрични возила што Hyundai планира да ги лансира на нашиот континент до 2030 година.

Новиот градски електричен автомобил ќе се натпреварува со електричните модели подготвени од групацијата Volkswagen, под нејзините брендови VW, Škoda и Cupra.

Сепак, сериската верзија на тој иден автомобил на јужнокорејската марка е сè уште доста далеку, вели за Automotive News Europe, шефот за маркетинг на Hyundai Motor Europe Андреас-Кристоф Хофман.

Хофман додава дека градските автомобили „тешко се продаваат профитабилно“, поради нивната ниска цена и технологијата потребна за нивна електрификација.