Hyundai планира во своите возила да го вградува системот кој ги ротира тркалата за 90 степени / ВИДЕО
Системот развиен од јужнокорејската компанија се состои од „e-Сorner“ модул на секое тркало
Hyundai е сериозен во врска со новата технологија „Crab Driving“. Hyundai Mobis објави нови снимки од прототипот Ioniq 5 со системот e-Corner во акција. Идејата е да се покаже дека тркалата можат да се вртат за 90 степени и на тој начин да се олеснат маневрите при паркирање.
Системот развиен од јужнокорејската компанија се состои од „e-Сorner“ модул на секое тркало. Овој модул ги комбинира системите за управување, сопирање, суспензија и погон во секое тркало, а всушност за првпат беше прикажан во 2018 година. Иако сè уште не е подготвен за производство, Hyundai сака со тек на време да го вклучи во своите идни патнички автомобили.
Со овој систем имате опции колку што сакате, од дијагонално возење, вртење за 360 степени, па сè до максимално лесно странично паркирање.