Во 2015 година, Hyundai официјално го создаде подбрендот за своите луксузни автомобили наречен Genesis, за сега Ioniq да стана името на подбрендот за електрични возила

Со најавата за подбрендот стигна и најавата за три електрични модели:

Првиот ќе ја носи ознаката Ioniq 5, а станува збор за електричен кросовер базиран на концептот Hyundai 45 кој дебитираше минатата година на Саемот за автомобили во Франкфурт. Истиот се очекува на почетокот од 2021 година. 

Вториот модел е седанот Ioniq 6 заснован на концептот Prophecy виден порано оваа година, а производната верзија ќе дебитира дури во 2022 година.

Ioniq 7 е третиот модел што се очекува, а станува збор за електричен теренец кој ќе се појави во почетокот на 2024 година. 

Новите модели ќе користат нова платформа наречена Electric Global Modular Platform (E-GMP), која треба да овозможи брзо полнење и долга автономија.

Подбрендот Hyundai Ioniq e создаден за поддршка на Стратегијата 2025 според која има намера да продаде 560.000 електрични возила. Целта на компанијата е да стане трет по големина производител на еколошки возила до 2025 година.