Сегашните електрични возила на Hyundai припаѓаат на подмарката Ioniq, a можно е и новиот модел да ја добие таа значка

На 15 јули Hyundai ќе го одржи N Day, кога и ќе ја прикаже новата генерација на автомобили со високи перформанси. Дотогаш, сите ние можеме да се задоволиме со слика на покриено возило чија силуета сугерира дека доаѓа ново модерно купе.

Објавата на Hyundai на Facebook дава уште едно навестување за претстојниот модел. 

„Сакате забава во возењето во ерата на електрични возила?“, што би можело да сугерира дека новиот модел ќе користи електричен погон.

Најавната слика прикажува автомобил со прилично долг нос и краток заден дел. Ако овој модел се покаже дека е електрично возило на кое не му треба простор за инсталирање голем мотор, тогаш дизајнерите се држеле до класичниот рецепт за автомобил со високи перформанси. Судејќи според големината на патничкиот простор, ова би можело да биде двосед. Назад гледаме крило речиси високо како покривот.

Сегашните електрични возила на Hyundai припаѓаат на подмарката Ioniq, a можно е и новиот модел да ја добие таа значка. Ioniq 7 е претстојниот електричен кросовер, така што овде би можеле да зборуваме за Ioniq „Осум“.

Постоечките електрични возила на Hyundai и Kia се возат на платформата E-GMP и овие платформи можат да поддржуваат возила со високи перформанси. На пример, Kia EV6 GT има пар електрични мотори кои заедно генерираат 585 КС (430 kW) и 740 Nm вртежен момент. Ова е доволно за кросоверот да забрза до 96 km/h за околу 3,5 секунди.

Воведувањето на целосно електрично спортско купе ќе му овозможи на Hyundai да стекне предност во сегментот каде што моментално има мала конкуренција. Во моментов постои Lotus Evia, иако ова е повеќе суперавтомобил, додека овој модел изгледа како потрадиционален „спортист“ со две врати.