Hyundai го најави i20N / ВИДЕО
Производителот на автомобили од Јужна Кореја со видео клип го најави својот нов спортски адут
Како што се знае од претходно, овој Hyundai i20 N ќе има 1.6-литарски турбо мотор кој може да произведе околу 200 КС и максимален вртежен момент од 265 Nm.
Се проценува дека забрзувањето од 0 до 100 km/h ќе трае околу 6,5 секунди, а максималната брзина ќе биде 225 km/h.
Премиерата на моделот се очекува да биде до крајот на годинава, а еве како изгледа видеото подготвено од Hyundai.