Huawei P20 Lite во Полска достапен во предпродажба по цена од 380 евра

0

По објавувањето на новиот официјален рендер, се испостави дека Huawei P20 Lite веќе е достапен за преднарачка, но само во Полска

Иако требаше да биде претставен на 27-ми март заедно со поскапите Huawei P20 и P20 Pro, Полјаците може да го нарачаат веќе сега, а испораката почнува од 26-ти март, ден пред официјалната промоција.

Цената на моделот со 4 GB RAM и 64 GB внатрешна меморија е 380 евра. Уредот доаѓа со 5.84-инчен екран со резолуција од 2280 x 1440 пиксели, додека димензиите на куќиштето се 148,6 x 71,2 x 7,4 mm.

Како што беше споменато и претходно, процесорот е Kirin 659, а за фотографирање е задолжена двојната 16 + 2 MP камера. Батеријата има капацитет од 3000 mAh, а оперативниот систем е Android 8.0 Oreo.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »