Новите HTC адути на пазарот на мобилни телефони имаат голем 18:9 екран, тенок дизајн и двојна камера

HTC ги претстави своите нови адути за оние кои сакаат да снимаат видеа и фотографии и да ги објавуваат на социјални мрежи – HTC Desire 12 и HTC Desire 12+.

HTC Desire 12 доаѓа со големина на екран од 5.5 инчи, а HTC Desire 12+ со 6-инчен HD+ (720 x 1440) IPS LCD екран.

HTC Desire 12 користи оперативен систем Android 8 со HTC Sense Companion, а се се придвижува со Quad-Core MediaTek MT 6739 процесор, 3 GB работна меморија и 32 GB интерна меморија за складирање на податоци. Со microSD картичка, просторот за складирање може да биде зголемен до 2 терабајти.

Главната камера, која се наоѓа на задната страна, има резолуција од 13 мегапиксели, а благодарение на сензорите BSI и PDAF (Phase Detection Auto Focus) може да снима остри фотографии и во движење, но и видео во Full HD (1080p) резолуција. И предната камера од 5 мегапиксели е опремена со BSI сензор за јасни и остри селфи фотки.

Desire 12 поддржува две nanoSIM картички, а треба посебно да се истакне дека за локација на телефонот се користат GPS и GLONASS.

Батеријата има капацитет од 2730 mAh.

Споредено со Desire 12, Desire 12+ има малку подобри перформанси. Доаѓа опремен со оперативен систем Android 8 со HTC Sense Companion, кој на корисникот му дава предлози за акција темелени на неговата активност.

Така, HTC Sense Companion потсетува на претстојните обврски или празници, но исто така ќе ги изгасне алармите на празничните утра. Доволно е паметен корисникот да го извести за состаноците тој ден и да го потсети да го наполни телефонот или да земе мобилен полнач.

Покрај тоа, HTC Sense Companion гарантира дека телефонот работи со оптимални брзини. Предлага отстранување на непотребните податоци и неискористени апликации за ослободување на дополнителен простор.

HTC Desire 12+ работи со осум јадрен Qualcomm Snapdragon, а има 3GB работна меморија и 32 GB меморија за складирање, што може да се зголеми до 2 терабајти.

Исто како и HTC Desire 12, Desire 12+ има задна камера со 13 МР, но и дополнителна камера со 2 мегапиксели со која се овозможува повторно изострување на сликата и по правењето на фотка со уметнички bokeh ефект. На предната страна се наоѓа камера од 8 МР, која, како и задната, може да снима Full HD видео, а за добри селфи фотки и во мрак има вграден LED блиц.

HTC Desire 12+. доаѓа со неколку сензори за детекција на состојбата во околината, сензор за отпечаток од прст, а батеријата има капацитет од 2965 mAh.

Двата модели можат да се пофалат со ликвидна површина видена на моделот U11 – акрилна стаклена задна страна со нов, модерен дизајн кој привлекува погледи. Компактната рамка и заоблените рабови даваат чувство на луксуз, а динамичните бои придонесуваат за единственост.