Nevera е автомобилот со најдобро забрзување во светот, а Chiron Super Sport е најбрзиот сериски автомобил во светот

Францускиот претседател Емануел Макрон кој е во официјална посета на Хрватска, заедно со премиерот Андреј Пленковиќ и Мате Римац, сопственик на Rimac Automobili, која во средината на годината ја презеде француската компанија Bugatti, создавајќи нова компанија – Bugatti Rimac, одблиску ги разгледале најбрзиот електричен автомобил во светот, произведен во Хрватска, и најбрзиот бензинец во светот, произведен во Франција – Rimac Nevera и Bugatti Chiron Super Sport.

„Ова ја покажува соработката меѓу Франција и Хрватска. Bugatti има 112-годишна историја во Молсхајм, Франција, и таму ги правиме најбрзите бензински автомобили, а тука во Загреб ги правиме најбрзите електрични автомобили во светот, така да, имаше смисла да ги поврземе во едно“, вели Мате Римац.