Хорхе Лоренцо: Се беше погрешно. Жал ми е!
Хорхе Лоренцо вели дека најлошото нешто во инцидентот на трката за ГН на Каталонија било тоа што поради негова грешка без пласман останаа асовите на Yamaha, Валентино Роси и Маверик Вињалес, како и Андреа Довициозо на Ducati
Хорхе Лоренцо имаше возбудлив почеток на трката кога од 10-то стартно место се проби меѓу водечките четворица, но за жал веќе во вториот круг следеше шокантен инцидент.
Иако оваа сезона сеуште нема пласман меѓу најдобрите 10, Лоренцо пред трката пред домашната публика ја посети фабриката на Honda во Јапонија и за него беше подготвен нов резервоар за гориво. Веќе на стартот пробивајќи се меѓу водечките, ја почувствува охрабрувачката брзина на новиот пакет.
Лоренцо веќе во вториот круг се обиде да го помина третопласираниот Вињалес на сопирање, но истото го направи и неговиот колега Маркез во борбата за првото место со Довициозо што го принуди Италијанецот на повлекување од идеалната траекторија. Тоа пак од друга страна го изненади Лоренцо кој мораше да реагира, но за жал многу неуспешно и со последици.
Honda-та на Лоренцо во пад едноставно ги покоси Довициозо, Вињалес и Роси.
„Имав добар почеток, напредував многу позиции, а мотоциклот се однесуваше многу добро. Имав многу подобро чувство отколку во остатокот од викендот“, вели Лоренцо. “Веројатно се обидов да го поминам Маверик во погрешен момент и на погрешно место. Знаев дека свиокот 10 (La Caixa) е навистина „зезнат“ и честопати имало инциденти во пониските категории и претходните години. Истото ми се случи и со Ианоне во 2016 година“.
https://youtu.be/DwIEbkd7lBg
„Напред беше Дови кои беше добро подготвен за излез од кривината, по нападот од Марк од внатре, а потоа бев се поблиску и поблиску, така што морав силно да стиснам на сопирачката, но ја загубив контролата на предното тркало“.
„Мислам дека во друга квривина ова не би се случило. Виновен сум што не сочекав подобар момент. Најлошото е што од игра исфрлив неколку возачи кои се борат за титулата, а јас не сум во таа борба. Сеуште немам многу поени и не ми значи ништо ако се откажам“, објаснува Лоренцо.
„Жал ми е што не се повлеков и нема изговор што може да го оправда овој момент. Морам да им се извинувам, но знам дека тоа на нив нема да им биде доволно, бидејќи изгубија многу. Нивниот гнев е сосема оправдан“.
“Мислам дека овој тип на кривини направи многу проблеми во историјата и ќе ги направи повторно во иднина. Денес не сум бил доволно внимателен и гневот на повредените е оправдан “, заклучи Хорхе.
Маркез сега е лидер во шампионатот со 37 поени повеќе пред Довициозо, 39 пред Ринс…