Јапонскиот производител на автомобили Honda Motor ќе го намали планираното вкупно производство на автомобили во тековната фискална година за 40 отсто на почетокот на септември поради проблеми во синџирите на снабдување и логистиката

Пред оваа одлука, компанијата долго време беше оптимист дека се подобрува состојбата со недостигот на чипови, што веќе неколку пати влијаеше на намалување на производството.

Во фабриката во префектурата Саитама, северно од Токио, на почетокот на септември производството на автомобили ќе се намали за 40 отсто, а во другата фабрика на западот на земјата, за 30 отсто.

Honda веќе беше принудена да го коригира производствениот план во мај.

Во Toyota, најголемиот ривал на Honda, продолжуваат да ја постигнуваат целта за рекордно глобално производство – 9,7 милиони возила во тековната финансиска година, која вообичаено завршува во март 2023 година.

Според прогнозите, само во септември се очекува производство на околу 850.000 возила, а планираат да го зголемат производството до ноември.